Инцидентот се случил на летот 1494, а видеото од настанот прикажува маж во конфликт со кабинскиот екипаж, пренесува ABC7.
Патниците му помогнале на екипажот
Според изјавата на еден од патниците, Шон Бенет, другите патници веднаш им притрчале на помош на екипажот за да го совладаат човекот. „Беше неверојатно колку брзо сите реагирале за да го совладаат човекот, а стјуардесите останале исклучително смирени и мирни“, рече Бенет. Тој потврди дека авионот слета безбедно и дека никој друг не е повреден во инцидентот.
An American Airlines flight from San Diego to Chicago was forced to make an emergency landing after there was an apparent altercation on board. Video shows a man struggling with flight attendants and passengers. https://t.co/zm223pYrbY https://t.co/dEGdFxKCrL
— ABC7 Eyewitness News (@ABC7) November 25, 2026
Се обидел да ја отвори вратата од авионот
Полициската управа во Феникс соопшти дека патникот го напуштил своето седиште и отишол на предниот дел од авионот. Таму, тој упорно одбивал да ги почитува упатствата на екипажот да се врати на местото, а потоа се обидел да ја отвори излезната врата. Екипажот и патниците успеале да го задржат сè додека авионот не слета безбедно на меѓународниот аеродром „Скај Харбор“ во Феникс.
Човекот што го предизвикал инцидентот претрпел полесни повреди и бил однесен во болница на преглед. Инцидентот се случил додека авионот летал во близина на границата меѓу Аризона и Калифорнија. За сè е информирано и ФБИ, кое ќе ги разгледа полициските извештаи. Истрагата е во тек.
Официјални изјави
Федералната администрација за воздухопловство (FAA) потврди дека летот 1494 слета околу 1 часот по локално време во среда поради пријава за нарушување и најави сопствена истрага.
„Американ ерлајнс“ соопшти дека авионот бил пренасочен поради проблематичен патник. „По пристигнувањето, полицијата го пречека авионот и помогна да се истовари тој патник, по што летот продолжи кон својата дестинација. Безбедноста на нашите корисници и членовите на тимот е наш врвен приоритет. Им благодариме на нашите вработени за нивната професионалност, а на патниците за нивната помош и разбирање“, се вели во соопштението на компанијата. Летот потоа продолжи кон Чикаго со задоцнување.

