Драма на летот за Тел Авив, Израел ги подигна борбените авиони

30.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Драма на летот за Тел Авив, Израел ги подигна борбените авиони

Авион на „Електра ервејс“ што леташе од Варшава за Тел Авив беше пренасочен кон Кипар откако пилотот во пилотската кабина го активираше меѓународното предупредување за киднапирање.

Според израелската телевизија Н12, Израел ги подигна борбените авиони како мерка на претпазливост и му нареди на патничкиот авион, кој превезуваше околу 180 патници, да не се упатува кон аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, туку да го смени курсот кон Кипар.

Порталот „Јфид“ објави дека пилотот го притиснал копчето за итни случаи за време на летот Варшава-Тел Авив, што сигнализира киднапирање, но брзо ја известил контролата на воздушниот сообраќај дека предупредувањето е активирано по грешка и дека ситуацијата е под контрола.

Авионот полетал од Варшава во 11:35 часот, а откако влегол во воздушниот простор на Романија и Бугарија, бил активиран аларм за киднапирање. Потоа авионот прелетал над Турција и наместо да се упати кон Тел Авив, кружел во воздушниот простор во близина на Кипар, по што го сменил курсот во турскиот воздушен простор.

Иако пилотот подоцна објаснил дека немало киднапирање, израелските власти не сакале да ризикуваат и реагирале според безбедносните процедури.

Во моментов нема официјални информации дали авионот слетал, ниту на кој аеродром.

Поради инцидентот, летот во еден момент бил меѓу најследените на платформата „Flightradar24“.

Извор: Б92

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата