Она што е засега јасно е дека првичната драфт – верзија од 28-точки на Трамп, кои беа по мерка на Русија, сега се стопи на 19 точки и во предвид се земени и украинските барања. Детали не се откриваат, освен дека клучните, територијалните прашања ќе се остават за средбата Зеленски – Трамп, која според украински извори, ќе се случи до крајот на неделава.
-По Женeва има помалку точки, повеќе не се 28, и многу исправни работи се земени предвид во оваа рамка. Нашиот тим веќе извести за новиот нацрт – план и навистина има правилен пристап, за чии чувствителни пашања ќе разговарам со претседателот Трамп. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
По Женева, деновиве е предвидена нова рунда преговори паралелно со тајната дипломатија која се одвува денеска во Абу Даби, каде што американскиот државен секретар Ден Дрискол се среќава со руски и украински претставници. Европа, која исто така интервенираше со свој предлог смета дека мирот е повеќе од неопходен, но не смее да се случи по секоја цена.
-Сакаме мир, но не мир кој е всушност капитулација. Тоа значи дека ја става Украина во невозможна ситуација која ѝ дава на Русија целосна слобода. , изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.
Новиот ревидиран предлог, кој наводно опфаќа и европски сугестии, предвидува територијалните разговори да почнат од постојната линија на фронтот, на што се противи Москва. За Лавров, по преговорите во Минск, предводени од Берлин и Париз, тие нема што да бараат на преговарачка маса.
-Сега, не може да се зборува за какво било посредништво ниту од Франција ниту од Германија. Во однос на посредништвото, ги цениме напорите на Белорусија, Турција, Унгарија... , изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.
На терен оружјето не мирува. Најмалку шестмина загинаа во руските воздушните напади врз Киев, а тројца во украинските напади со дронови врз рускиот регион Ростов. Повеќе десетици се ранети.

