Девет лица се убиени во бранот руски напади врз Украина, оштетена е катедрала од 11 век

15.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Девет лица се убиени во бранот руски напади врз Украина, оштетена е катедрала од 11 век

Четири лица загинаа во нападите врз Киев, додека пет спасувачи загинаа обидувајќи се да го изгаснат пожарот предизвикан од рускиот напад врз североисточниот град Харков, соопштија украинските власти. Катедралата Успение на Пресвета Богородица од 11 век беше значително оштетена . Украинскиот премиер Јулија Свириденко  нападот го  нарече „брутален ,,врз украинскиот  народ и нивното наследство“.„итно ќе ги покренеме сите релевантни процедури во рамките на унеско и сите други меѓународни механизми, барајќи итни и соодветни одговори на ова државно варварство“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха во изјава за X, нападите со беспилотни летала и ракети запалија згради и автомобили, а повеќе од 140.000 луѓе во главниот град на Украина останаа без електрична енергија. Полска, соопшти дека кренала  борбени авиони,а во состојба на готовност биле ставени и копнените системи за воздушна одбрана како „превентивен“ одговор на руските напади во Киев. Нападите се случуваат пред состанокот на Г7 оваа недела во Франција, каде што на дневен ред е војната во Украина. Вчера  Узеленси изјави дека разговарал со  Трамп за напорите за ставање крај на долготрајниот конфликт.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата