Денеска по седми пат Лукашенко ќе ја преземе функцијата претседател на Белорусија

25.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Денеска по седми пат Лукашенко ќе ја преземе функцијата претседател на Белорусија

Претседателските избори во Белорусија се одржаа на 26 јануари.

Церемонијата на инаугурација на Лукашенко ќе се одржи во Палатата на независноста во Минск и ќе започне во 12 часот по локално време.

На церемонијата претседателот на белоруската Централна изборна комисија Игор Карпенко ќе ги објави официјалните резултати од претседателските избори, а Лукашенко ќе положи заклетва врз Уставот на Белорусија.

Со церемонијата на инаугурација ќе започне и новиот петгодишен мандат на белорускиот лидер. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата