Даунинг стрит: Британскиот премиер следната недела ќе се сретне со Трамп во Вашингтон

17.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Даунинг стрит: Британскиот премиер следната недела ќе се сретне со Трамп во Вашингтон

Портпаролот на премиерот рече дека за време на неговата прва посета на Вашингтон откако Трамп ја презеде функцијата, Стармер ќе се обиде да ги „продлабочи специјалните односи“ меѓу Обединетото Кралство и САД.

„Премиерот со нетрпение очекува наскоро да се сретне со претседателот Трамп за да разговара за тоа како можеме да ги продлабочиме нашите посебни односи во трговијата, инвестициите и безбедноста“, рече портпаролот на „Даунинг стрит“.

Минатата недела американскиот претседател рече дека се радува на „пријателска и многу добра средба“ со британскиот премиер./MИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата