Данскиот крал пристигна во посета на Гренланд

18.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Данскиот крал пристигна во посета на Гренланд

Тој слета на аеродромот во Нук, главниот град на Гренланд, каде што беше пречекан од гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен и претседателот на гренландскиот парламент Ким Килсен.

Кралот Фредерик ќе престојува на Гренланд до петок.

Денеска ќе престојува во Нук, каде што ќе посети средно училиште, најголемата гренландска компанија „Ројал Гренланд“ (Royal Greenland) и Здружената арктичка команда на вооружените сили на Данска.

Утре и задутре данскиот крал ќе престојува во градовите Маницок и Кангерлусуак.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата