Четворица од екипажот во американскиот воен авион за дополнување гориво се загинати

13.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Четворица од екипажот во американскиот воен авион за дополнување гориво се загинати

Се работи за авион кој учествувал во операциите во Иран, но според Пентагон не бил мета на каков бил проектил.

-Војната е пекол. Војната е хаос и како што видовме вчера со трагичната несреќа на нашиот KC-130 авион танкер, лоши работи се случуваат. Секој од нив е американски херој. Нивната жртва само ќе ја зголеми нашата посветеност за исполнување на оваа мисија. , изјави Пит Хегсет, секретар за одбрана на САД.

Официјалниот број на загинати американски војници од почетокот на конфликтот се искачи на 11, а војната ја зеде и првата европска жртва, француски војник кој загинал во напад во ирачкиот регион Ербил, каде бил во мисија. Иранска балистичка ракета трет пат за една недела беше истрелана кон Турција, но соборена од воздушната одбрана на НАТО. Техеран се закани дека нема да бидат поштедени и европските бази што би се користеле за напади врз Иран.

-Aко било која база или центар се користат за спроведување воени операции против Иран, ние ќе одговориме соодветно и ќе ја таргетираме таа локација. , изјави Али Бахреини, Амбасадор на Иран во ОН во Женева.

Цената на нафтата повторно ја премина критична граница од 100 долари за барел, Ормускиот теснец останува блокиран, а Вашингтон направи неочекуван политички пресврт, ублажувајќи ги санкциите кон Русија и дозволувајќи можност да се купува сурова руска нафта што е блокирана на море, а со цел да се стабилизира глобалниот енергетски пазар. Првата реакција стигна од Германија, која одлуката ја нарече погрешна.

-Mислам дека тоа е неизбежно и затоа дадовме 30-дневна дозвола, бидејќи руските буриња се на вода и тие се брз извор на нафта за индиските рафинерии. Друга работа е што тие буриња секако ќе завршеа во Кина. Дали е срамно што Русија има бенефит? Жалиме и се надеваме дека тие Русија во кус период ќе имаат бенефит. , изјави Скот Бесент, секретар за финансии на САД.

-Ми се чини дека домашниот политички притисок во САД е многу многу висок и се плашам дека дополнително можеме да ги наполниме воените куфери на Путин. , Катерине Рајхе, министерка за економија на Германија.

Остра реакција претходно упати и шефицата на европската диломатија, Каја Калас. Во интервју за „Фајненшл Тајмс“ изјави дека САД сакаат да ја поделат Европа и да ја спречат да стане нејзин конкурент, како што рече, забивајќи клин меѓу европските сојузници.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата