Четиримесечно бебе почина од топлотен удар во САД- родителите го шетале во чамец на 48 степени

10.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Четиримесечно бебе почина од топлотен удар во САД- родителите го шетале во чамец на 48 степени

Додека пловеле по езерото, на бебето одеднаш му се слошило и набрзо изгубило свест, објави Дејли Меил.

Родителите со чамецот веднаш стигнале до брегот и повикале помош.

Бебето веднаш било пренесено во болница, каде лекарите безуспешно се обиделе да ја реанимираат.

„Уништени сме, срцата ни се скршени. Нема зборови со кои може да се опише она што го чувствувам“, вели расплаканата мајка Тања.

Таа додала дека не ѝ е јасно зошто морало толку брзо да ги остави.

"Ти беше совршена. Те сакаме бескрајно, засекогаш ќе бидеш наш ангел", додала мајката.

Покрај малата Тана, родителите имаат уште една ќерка, која се уште не може да разбере зошто нејзината сестра повеќе ја нема.

„Секоја вечер ги става омилените играчки на Тана во нејзината количка. Срцето ми се скрши кога го видов тоа“, додала Тања.

Пред смртта на бебето, мајката на својот профил ги сподели последните заеднички фотографии кои ги направиле.

Телото на бебето е испратено на обдукција, но лекарите велат дека бебето имало симптоми на топлотен удар по пристигнувањето во болница.

„Во петокот, на 5 јули, околу 17:10 часот, четиримесечно бебе беше пренесено од чамец на езерото Хавас во болница поради болести поврзани со топлина“, рече портпаролката на полицијата Анита Мортенсен.

На езерото во Аризона тој ден биле измерени 48 степени.

На платформата Gofundme започна кампања за помош на семејството во овие тешки денови.

„Кога стигнавме во болницата, лекарите направија сѐ за да ја спасат, но не успеаја“, напишала мајката на споменатата платформа.

Досега се собрани околу 44.000 долари.

Да потсетиме, делови од САД изминатите денови беа зафатени од топлотен бран, а температурите во некои градови беа и до 50 степени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата