Британските медиуми со докази дека Украина употребила ракети Storm Shadow за напад на Русија

20.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британските медиуми со докази дека Украина употребила ракети Storm Shadow за напад на Русија

Британски Телеграф јавува дека жителите на селото Марино во Курската област наводно денеска пронашле фрагменти од проектил „ Storm Shadow “.

Телеграф не можеле самостојно да ја потврдат автентичноста на овие фотографии и снимки.

Русија и Украина се уште официјално не се огласија по овој повод.

Портпаролот на украинскиот премиер денеска одби да ги коментира наводите за употреба на британски ракети во Русија.

Веста доаѓа набргу откако американскиот претседател Џо Бајден ѝ даде зелено светло на Украина да користи ракети со долг дострел произведени од САД во Русија претходно оваа недела.

Киев вчера наутро употреби ATACMS за напад на воен објект во Брајанск.

Претходно денеска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Путин е подготвен да преговара за прекин на огнот во Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп кога тој ќе ја преземе функцијата.

Вчера Путин потпиша указ за проширување на нуклеарната доктрина. Тој со тоа го намали прагот за активирање нуклеарен напад, дозволувајќи ѝ на Москва да одговори со ова оружје доколку некоја земја ја нападне со конвенционално оружје.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата