- На канцеларот Шолц е да одлучи со кого ќе разговара. Јас немам намера да разговарам со Путин, рече Стармер во изјава за новинарите пред заминувањето за Бразил на самитот на Г-20.
Стармер, како што пренесуваат британските медиуми, се заложи за удвојување на напорите за зајакнување на поддршката за Украина.
Оваа тема ќе биде на дневен ред на Самитот на земјите од Г-20, на кој ќе присуствуваат многу светски лидери, но не и Путин.
Стармер посочи дека вторник се навршуваат 1.000 дена од војната во Украина.
- Тоа претставува 1.000 дена руска агресија, 1.000 дена жртвување за украинскиот народ, а неодамна видовме севернокорејски сили како работат со Русите, рече британскиот премиер.
Според него, ова го покажува очајот на Русија, но има и сериозни импликации за безбедноста на европскиот и индо - пацифичкиот регион.
- Треба да обезбедиме целосна поддршка (на Украина) онолку колку што е потребно, додаде Стармер./МИА