Британската полиција уапси четири лица поради упад на имотот на премиерот

26.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британската полиција уапси четири лица поради упад на имотот на премиерот

„Во текот на денот уапсивме четири лица кои влегле на имотот на премиерот во неговата изборна единица (Северен Јоркшир)“, се вели во соопштението на локалната полиција.

Полицијата брзо реагирала, односно веднаш штом лицата влегле на имотот.

Приведени се луѓе на возраст од 20 до 52 години од различни градови во државата, кои „се уште се во притвор, а истрагата е во тек“, прецизира полицијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата