Британската полиција се уште трага по вооружен маж кој уби три жени во Лондон

10.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британската полиција се уште трага по вооружен маж кој уби три жени во Лондон

Се верува дека мажот е вооружен со самострел.

Полицијата соопшти дека синоќа трите жени, кои се во роднинска врска, биле пронајдени во тешка состојба во куќа во Ешлин Клоус, во Буши, северозападен Лондон.

Итната медицинска помош добила сигнал околу 19 часот по локално време. Полицијата и болничарите веднаш реагирале и се обиделе да ги спасат жените, но била констатирана смрт.

Полицијата не потврди дали Клифорд жител на Лондон, бил во роднинска врска со жените./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата