Британија ги повика своите граѓани да го напуштат Либан

19.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британија ги повика своите граѓани да го напуштат Либан

„Мојата порака до британските државјани во Либан е да ја напуштат земјата додека се достапни комерцијални опции. Тензиите се високи и ситуацијата може брзо да се влоши“, напиша Дејвид Лами на X.

Тој додаде дека разговарал со либанскиот премиер и ја изразил својата „длабока загриженост поради зголемените тензии“.

Шпанското Министерство за надворешни работи го осуди нападот со пејџери, велејќи дека тоа е кршење на меѓународното хуманитарно право и закана за регионалната стабилност. „Повикуваме на воздржаност од страна на сите актери“, се вели во соопштението за медиумите.

„Потребно е да се избегне понатамошна ескалација на насилството и опасност од отворена војна со несогледливи последици“, додаваат.

Изјавата уследи по средбата меѓу шпанскиот премиер Педро Санчез и претседателот на палестинската управа Махмуд Абас претходно денеска во Мадрид. Тоа беше прва средба меѓу двајцата лидери откако Шпанија ја призна Палестина како држава.

Санчез, говорејќи пред новинарите по состанокот, рече: „Денес, опасноста од ескалација повторно е значително зголемена. Претседателот Абас и јас разговаравме за тоа, така што мораме да упатиме нов и силен повик за воздржаност, за деескалација, за мир, соживот меѓу земјите“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата