Митен Пател, чии родители загинале во авионската несреќа, изјави за Би-Би-Си дека мртовечникот пронашол мешавина од останки на телото на неговата мајка. „Колку други тела има таму?“, се прашал тој.
Министерството за надворешни работи на Индија вели дека сите останки се обработени со „најголем професионализам“ и достоинство и дека активно соработуваат со британските власти за да ја разјаснат ситуацијата. Во соопштението за медиумите, тие нагласија дека идентификацијата на жртвите е извршена според протоколите и техничките барања.
„Размената на телата е очигледно многу вознемирувачка, иако разбирам дека може да се случат грешки. Луѓето беа исцрпени, работеа под голем притисок. Но, сепак треба да има одредено ниво на одговорност кога враќате тела во Велика Британија“, рече Митен Пател. „Како можам да бидам сигурен дека нема други останки во ковчегот со неа?“, додаде тој.
Според „Дејли меил“, во два случаи во Велика Британија, погрешни останки биле вратени на семејствата, во еден случај било вратено погрешно тело, а во друг, во истиот ковчег биле пронајдени останки на повеќе лица.
Индиското министерство вели дека од самиот почеток е во тек тесна соработка со британската страна за решавање на сите проблеми.