Борел: Нуклеарна војна не може да се добие и никогаш не смее да се води

11.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Борел: Нуклеарна војна не може да се добие и никогаш не смее да се води

 Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска соопшти дека доделувањето на Нобеловата награда за мир на јапонската организација Нихон Хиданкјо, која ги обединува преживеаните од атомските бомби фрлени на Хирошима и Нагасаки, служи како потсетник за многу сериозните последици поврзани со употребата на нуклеарно оружје.

Борел во соопштение на веб-страницата на Дипломатската служба на Европската Унија (ЕЕАС), исто така рече дека ова е потсетување на одговорноста што ја споделуваат сите држави да спречат вакви настани, како и дека никогаш не смее да се води нуклеарна војна.

- Како што потсетија лидерите на петте држави со нуклеарно оружје во јануари 2022 година, нуклеарна војна не може да се победи и никогаш не смее да се води, рече Борел./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата