Борбата меѓу кешот и картичките е завршена! Оваа земја со УСТАВ го загарантира плаќањето со готовина

24.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Борбата меѓу кешот и картичките е завршена! Оваа земја со УСТАВ го загарантира плаќањето со готовина

Сигурно досега сте гледале барем еден филм во кој светот застанува, исчезнува струјата, доаѓа кризна ситуација и картичките не работат и никој не може ништо да купи! Токму такво сценарио оваа земја не сака никогаш да го доживее, па затоа во Устав го воведе и обврзното право за користење готовина.

Иницијативата ја поднесе здружението „Поврзани сме“, кое во ноември 2023 година достави 56.267 потписи до Државниот собраниски дом за вклучување на ова право во Уставот. Се очекува Државното собрание да го прогласи законот на 1 декември.

Можеби ќе ве интересира: Жена нашла 5.500 евра во кеш, а кога заминала во банка, веднаш ја вратиле поради неверојатна причина

Како што објаснува здружението, сакаат јасно да се заштитат физичките пари. Според нивното мислење, терминот „готовина“ мора секогаш да се однесува на пари во физичка форма. Ова спречува дигиталните форми на пари – како електронски пари, криптовалути или дигиталното евро – во иднина да се толкуваат како готовина, пишува „Seebiz“.

Уставниот комитет на Народното собрание подготви работен текст на нацрт-уставниот закон. По усвојувањето, во Уставот ќе биде додаден нов член 74, кој ќе гласи дека секој има право да користи готовина во банкарски и други правни трансакции согласно законот.

За одобрување на законот беше потребно двотретинско мнозинство од сите пратеници. Во дебатата претставниците го истакнаа значењето на готовината во кризни ситуации и во поглед на заштита на приватноста.

Во процесот, Владата укажа на правните аспекти кои се однесуваат на исклучивата надлежност на Европската унија во областа на монетарната политика. Затоа ја поздрави одлуката предлогот да биде испратен до Европската централна банка (ЕЦБ) за мислење и фактот што ЕЦБ го препозна главниот мотив – зајакнување на достапноста и прифаќањето на готовината во Словенија.

– Ова е право што ужива широка јавна и политичка поддршка и има значајна симболична и практична вредност, нагласи државната секретарка во Министерството за финансии Гордaна Пипан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата