Боливија прогласи вонредна состојба поради шумските пожари (ВИДЕО)

8.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Боливија прогласи вонредна состојба поради шумските пожари (ВИДЕО)

„Ова ќе ни овозможи да добиеме поагилна и ефикасна поддршка од пријателските земји и преку меѓународна соработка“, рече Новило.

Боливија се соочува со најголем број шумски пожари од 2010 година. Најмалку три милиони хектари земја изгореа оваа година, според Инпе, бразилската вселенска агенција која ги следи шумските пожари. Јужна Америка е среде сезоната на пожари, која е на врвот и обично е во текот на август и септември, но оваа година сезоната на пожари започна порано, во јули по сушата.

Бидејќи бројот на боливиските пожарникари се покажал недоволен, владата побарала меѓународна помош. Домородните жители се обидоа да ја заштитат својата земја, која ја користат за одгледување земјоделски култури и добиток во близина на шумата Чикитано, северно од Консепсион, која се протега кон Бразил и Парагвај, но некои морале да се евакуираат.

Пожари избувнаа и во бразилските шуми и Амазон, кој по рекордната суша се соочува со најголемите пожари во последните две децении.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата