Блинкен утре треба да пристигне во Велика Британија во дводневна посета, пред посетата на британскиот премиер Кир Стармер на Вашингтон подоцна оваа недела.
Највисокиот американски дипломат треба „да отвори стратешки дијалог меѓу САД и Велика Британија, потврдувајќи ги нашите специјални односи“, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер во кусата изјава.
„Додека е во Лондон, секретарот Блинкен ќе се сретне и со високи владини претставници за да разговараат за низа клучни прашања, вклучително и Индо-пацификот, партнерството на АУКУС, Блискиот Исток и нашите заеднички напори за поддршка на Украина.“
Во четвртокот Белата куќа објави дека американскиот претседател Џо Бајден ќе биде домаќин на Стартер во петок во Вашингтон на билатерален состанок.
Поддршката на Украина во одбраната од Русија, постигнувањето договор за прекин на огнот за ставање крај на војната во Газа и напнатата ситуација во Индо-пацификот се меѓу точките на нивниот дневен ред.