На состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на Малта, Блинкен изрази жалење што Лавров ја напуштил салата по своето обраќање, без да ги сослуша останатите учесници.
- Жал ми е што нашиот колега, господинот Лавров, ја напушти салата, не покажувајќи љубезност да нè сослуша како што ние него го слушавме, изјави Блинкен. Тој додаде дека Лавров е многу вешт во „поплавување на слушателите со цунами од дезинформации“.
Претходно, Лавров го обвини Западот за оркестрирање на „новата Студена војна“, која, според него, може да премине во „топла фаза“.
Ова е првата посета на Лавров на земја-членка на Европската Унија од почетокот на војната во Украина во 2022 година.