БиХ ја зголемува цената на струјата поради застарените термоелектрани

30.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
БиХ ја зголемува цената на струјата поради застарените термоелектрани

Извршниот директор на ЕП БиХ, Невaд Икановиќ, изјави дека производството на електрична енергија опаѓа, додека потрошувачката континуирано расте, што ја принудува државата да увезува струја. Зголемувањето ќе изнесува 4,8% за домаќинствата и до 8% за деловните корисници.

- Од земја извозник на електрична енергија дојдовме во ситуација да мораме да преземеме други мерки за да обезбедиме доволно струја, рече Икановиќ. Тој додаде дека потрошувачката на електрична енергија годишно расте во просек од 3 до 5 проценти.

Генералниот директор Санел Буљубашиќ изјави дека потрошувачката го надминува производството за 11,7 проценти и дека компанијата морала да набави дополнителни 600.000 тони јаглен за да ја одржи стабилноста во снабдувањето. Тој посочи дека рудниците се меѓу најголемите загубари во земјата.

- Искрено се надевам дека ќе ги стабилизираме рудниците, за да не мораме да купуваме електрична енергија на пазарот, рече Буљубашиќ и додаде дека цената на струјата останува непредвидлива.

Во Босна и Херцеговина постојат три јавни енергетски компании: ЕП БиХ и Електропривреда на Република Српска (со седиште во Требиње) добиваат најголем дел од електричната енергија од јаглен преку стари термоелектрани, додека Електропривреда ХЗ Херцег-Босна (со седиште во Мостар) се потпира на хидро и ветерна енергија. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата