Белорусија ја зајакнува граница со Украина по безбедносен инцидент

10.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Белорусија ја зајакнува граница со Украина по безбедносен инцидент

Граничната служба претходно објави дека се зајакнува граничната безбедност, додавајќи во соопштението дека денеска собориле беспилотно летало кое илегално ја преминало границата од Украина за да собира информации за белоруската гранична инфраструктура.

Граничната патрола оваа недела објави дека во истата област е пронајден материјал за бомба од домашно производство и дека знае дека единица на проукраински руски војници се наоѓа во украинскиот регион кој граничи со Белорусија.

Министерството за одбрана објави фотографии од белоруските повеќецевни ракетни фрлачи Полонез распоредени долж границата во близина на шумата.

-Војниците ги опремиле и камуфлирале локациите каде што воениот персонал и нивната опрема се наоѓа во одредената област и продолжуваат да ги извршуваат своите задачи, се вели во соопштението.

Украина немаше коментар. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата