Коалицијата од 11 земји беше формирана пред два месеци за да им помогне на силите на Киев да ги подобрат своите комуникации, да се заштитат од напади со беспилотни летала и да ги надминат електронските попречувања.
Се очекува Естонија, Италија, Шведска и Турција да се приклучат на Коалицијата.
- Електронското војување е суштински дел од денешните конфликти, а со приклучувањето кон заедничките напори, Белгија не само што ја зајакнува одбраната на Украина, туку и ги подобрува сопствените капацитети во оваа област, истакна Франкен.
Белгија, исто така, учествува во заеднички акции за да ѝ се обезбеди на Украина борбени авиони, чистачи на мини, информатичка технологија, муниција, беспилотни летала и системи за воздушна одбрана.