Белата куќа се огласи за нападот на Зеленски врз бомбардерите на Путин

3.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Белата куќа се огласи за нападот на Зеленски врз бомбардерите на Путин

Имено, на инсистирање на новинарите, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, одговори дипломатски.

„Реакција на овој напад? Војната мора да заврши, таа е брутална, има премногу мртви, а претседателот Трамп им кажа на двете страни дека конфликтот треба да се заврши на преговарачка маса“, рече Ливит.

Таа додаде дека Трамп е отворен за предлогот на Ердоган Турција да биде домаќин на самит на кој би се собрале претседателите на САД, Русија и Украина, Зеленски и Путин.

„Претседателот рече дека е отворен за тоа, но ако тоа се случи, тој сака двајцата лидери и двете страни да седнат заедно на преговарачка маса“, рече Ливит.

Да потсетиме, во неделата, Украинската безбедносна служба (СБУ) спроведе една од најамбициозните воени операции од почетокот на војната - операцијата „Пајажина“, во која нападна четири руски воздухопловни бази: Белаја, Џагиљево, Олења и Иваново.

Нападот беше извршен со употреба на повеќе од 100 беспилотни летала, а целта беа стратешките бомбардери кои се користат секојдневно во нападите врз украинските градови. Според извори на СБУ, повеќе од 40 руски авиони беа оштетени или уништени, вклучувајќи клучни типови бомбардери и авиони за рано предупредување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата