Белата куќа на готовс: Трамп свика состанок со тимот за националана безбедност, иранската одмазда сѐ поблиску

23.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Белата куќа на готовс: Трамп свика состанок со тимот за националана безбедност, иранската одмазда сѐ поблиску

Обемот на иранската одмазда - особено бројот на жртви - ќе го одреди како ќе одговори Трамп и дали САД ќе бидат вовлечени подлабоко во израелско-иранската војна, објави Би-Би-Си.

Трамп денес треба да се сретне со својот тим за национална безбедност во 13 часот по источно време (19 часот по средноевропско време) во Белата куќа за да разговара за заканата. Претседателот предупреди дека на секој напад ќе биде „одговорено со сила многу поголема од онаа што беше видена“ за време на американскиот напад врз три ирански нуклеарни објекти во текот на викендот.

Во понеделник вечерта по локално време, Катар соопшти дека привремено го затвора својот воздушен простор поради зголемените регионални тензии. Министерството за надворешни работи на Катар соопшти дека затворањето е дел од поширок сет превентивни мерки.

Воздухопловната база Ал-Удеид во Катар е најголемата американска воена база во регионот. Во последните недели, многу авиони и персонал беа евакуирани од базата.

САД, Велика Британија и Кина во понеделник издадоа предупредувања до своите граѓани во Катар да останат во затворен простор како мерка на претпазливост.

„Се очекуваат сериозни последици“

Портпаролот на иранската војска во видео порака во понеделник изјави дека „се очекуваат сериозни последици“ од американските напади врз нуклеарните постројки во Фордоу, Натанц и Исфахан за време на викендот.

Портпаролот рече дека одлуката на САД да се приклучат на војната „го проширила опсегот на легитимни цели“ за вооружените сили на Иран.

„Господине Трамп, коцкар: Можеби ја започнавте оваа војна, но ние ќе бидеме тие што ќе ја завршат“, рече портпаролот на иранската војска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата