- Мислам дека една работа во која претседателот Трамп е исклучително добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте опции кои се на маса, изјави Ливит за новинарите.
Таа во исто време додаде дека „дипломатијата е секогаш прва опција“ за Трамп.
- Претседателот синоќа на сите ви кажа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим во голема мера се разликува од пораките што администрацијата ги прима приватно, рече Ливит.
- Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога тоа го смета за потребно, а никој тоа не го знае подобро од Иран, заклучи таа.

