Тој рече дека Трамп не го плаши и нагласи дека неговата партија РС се дистанцира од политиката на Доналд Трамп, објавува весникот Фигаро.
„Американскиот претседател не ме плаши“, рече Бардела и истакна дека Трамп се карактеризира со „многу неизвесна и многу непредвидлива природа“.
„Ветерот на слободата што дува низ САД не треба да нè прави наивни. Можеби Трамп е добар за Америка, но не и за Франција и Европа“, рече Бардела.
Тој оцени дека „многу малку американски воени интервенции резултирале со демократија“ и потсети на Авганистан, Ирак и Либија.
„Многу сум претпазлив во однос на каква било форма на воена интервенција во области кои се исклучително сложени и исклучително опасни. Мојот единствен компас во надворешната политика е Франција повторно да стане неутрална земја, да може да разговара со сите, да не се потчинува на никого и да ги брани своите интереси“, рече Бардела.

