Истиот ден ќе се одржи и референдум за спроведување на јулската Национална повелба, план за државни реформи изготвен по немирите, соопшти главниот изборен комесар Насир Удин.
Повелбата предлага широки уставни промени, вклучително и воведување дводомен парламент, ограничување на извршната власт, зајакнување на независноста на судството и изборните органи и спречување на злоупотреба на моќ.
Удин го објави датумот во телевизиско обраќање, уверувајќи ја нацијата дека следните избори ќе бидат слободни и фер.
Тој ги повика политичките партии и потенцијалните кандидати да се придржуваат кон изборниот кодекс на однесување за да се обезбеди мирно гласање.
Повеќе од 120 милиони луѓе ќе имаат право да гласаат.
Последните избори на 7 јануари 2024 година беа бојкотирани од главните опозициски партии и резултираа со победа на Авами лигата на Хасина.
Националистичката партија на Бангладеш (БНП) на поранешната премиерка Халеда Зија се смета за фаворит за победа на претстојните избори, со оглед на тоа што Хасина е отсутна од политичката сцена откако беше соборена од власт во август минатата година.
Сепак, Зија е на лекување во болница во Дака од минатиот месец, пренесе ДПА.
Хасина, која сега е во егзил, беше осудена за злосторства против човештвото и осудена на смрт од специјален суд во Дака во ноември за бруталното задушување на минатогодишните протести, во кои загинаа околу 1.400 луѓе.
Според комисијата, речиси 900.000 припадници на силите за спроведување на законот ќе бидат распоредени низ целата земја за да го одржат редот за време на изборите во февруари.

