Бајден во понеделник ќе го посети местото на масакрот во Њу Орлеанс

3.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бајден во понеделник ќе го посети местото на масакрот во Њу Орлеанс

Претседателот во заминување, кој ќе биде придружуван од сопругата Џил, ќе се сретне и со локалните власти.

Поранешниот американски војник Шамсуд-Дин Џабар, „инспириран“ од Исламската држава (ИД), е обвинет дека со своето возило влетал во луѓе во туристичкиот француски кварт во Њу Орлеанс, град на југот на САД, за време на новогодишните прослави.

По масакрот што го направи со пикапот, тој беше убиен во размена на оган со полицијата.

Се чини дека осомничениот дејствувал сам, објави ФБИ, откако еден ден претходно беше кажано дека можеби имал соучесник.

Шамсуд-Дин Џабар изрази поддршка за ИД во неколку видеа и рече дека се приклучил на џихадистичката организација, додаде ФБИ.

Џо Бајден го пофали „духот“ на Њу Орлеанс на прес-конференцијата во Белата куќа, велејќи дека народот испратил јасна порака „дека нема да бидеме поразени од овој напад или напади“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата