Бајден на отворањето на НАТО самитот: Украина може и ќе ја победи Русија

10.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бајден на отворањето на НАТО самитот: Украина може и ќе ја победи Русија

Во 13-минутен јасен и енергичен говор, користејќи телепромптер, Бајден освен демонстрацијата на лидерство и одлучност за Украина, недвосмислено се обиде да ги убеди сојузниците и јавноста дека анемичниот настап на дебатата со Трамп пред две недели била само лоша епизода. Бајден објави како што го нарече историски пакет воена помош за Украина, кој вклучува десетици тактички одбранбени системи, вклучително и пет противвоздушни системи „Патриот“, кои ќе ги донираат САД, Германија, Италија, Холандија и Романија.

-Во Европа продолжува агресивната војна на Путин против Украина. А Путин не сака ништо помалку од целосно потчинување на Украина, да се стави крај на демократијата на Украина, да ја уништи украинската култура и да ја избрише Украина од мапата. Ние знаеме дека Путин нема да застане во Украина. Но, не правете грешка, Украина може и ќе го запре Путин. , изјави Џо Бајден, претседател на САД.

На церемонијата, Бајден го одликуваше генералниот секретар Столтенберг со највисоката американска награда, медал на слободата како благодарност за 10-годишната посветена работа. Генералниот секретар во заминување пак, порача дека времето за слобода и демократија е сега, а местото се вика Украина.

-Реалноста е следна.  Нема бесплатни опции со агресивна Русија како сосед. И запомнете: Најголем трошок и најголем ризик ќе има ако Русија победи во Украина. , изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

Најавениот пакет помош за украинскиот претседател Зеленски е добредојден, но не и доволен, зашто како што забележа, покрај дефанзивно, на земјата и е потребно и офанзивно оружје. Одби да кометира дали стравува од можноста Трапм да се врати во Белата куќа, но изрази надеж дека и во таков случај нема да се смени политиката кон Украина. Рече сите ги чекаат американските избори на есен, но Украина нема време за чекање.

-Време е да излезете од сенките, да донесете силни одлуки, да дејствувате и да не го чекате ноември или кој било друг месец. За таа цел, ние мора да бидеме силни и бескомпромисни во целост. , Володимир Зеленски, претседател на САД.

Прашањето за политичкиот опстанок на Бајден, по бројните повици да се повлече од претседателката трка, втор ден надвиснува на маргините на Самитот, иако ретко кој од лидерите се охрабрува јавно да коментира.

-Г-не Премиер (Трудо) дали сте загрижени за возраста и менталната состојба на Бајден?

-Убаво е што ве гледам сите ова утро. , изјави Џастин Трудо, премиер на Канада.

На 3-дневниот Самит на кој несомнено Украина е централна тема, се очекува Киев да добие пакет финансиска помош од 43 милијарди долари и јасна заложба дека патот до членство во НАТО е неповратен процес, но без временска рамка. На собирот, екс холандски премиер Руте треба да ја преземе функцијата од актуелниот генерален секретар Столтенберг.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата