Автобус со кинески туристи потона во Бајкалското Езеро, се претпоставува дека осуммина се мртви

20.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Автобус со кинески туристи потона во Бајкалското Езеро, се претпоставува дека осуммина се мртви

Седум кинески туристи и возач се претпоставува дека се мртви кога нивниот автобус, кој се движел низ замрзнатиот дел од Бајкалското Езеро во руски Сибир, потонал во водата кога мразот под него се распукал, објави денеска локалниот гувернер Игор Кобзев на својот телеграм-анал.

- Еден турист успеал да се спаси, а потрагата по другите продолжува - рече Кобзев.

Најдлабокото езеро во светот, кое се наоѓа северно од Монголија, е популарна дестинација за туристите.

Обвинителството на регионот Иркутск соопшти дека е поведена кривична постапка и дека се истражуваат околностите.

Бројот на кинески туристи во Русија се зголеми во последните години поради политичкото зближување меѓу двата соседа и стратешкото партнерство „без ограничувања“ објавено минатата година кога беше воведен меѓусебен режим на патување без визи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата