Австрискиот канцелар Карл Нехамер го прифати мандатот за формирање влада

22.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Австрискиот канцелар Карл Нехамер го прифати мандатот за формирање влада

Канцеларот даде куса изјава за медиумите во која рече дека „ќе работи напорно за да формира стабилна федерална влада поддржана од широко мнозинство во Парламентот“.

Според Нехамер, за ова ќе биде потребен трет партнер.

„Политиката може да ја врати довербата „само ако постапува одговорно и го држи до зборот“, рече Нехамер.

Канцеларот ќе почне разговори со Австриската социјалдемократска партија (АСДП) во наредните недели. Тој истакна дека ова нема да биде последниот чекор, бидејќи „ќе биде потребен трет партнер“ за да се обезбеди стабилно мнозинство. Нехамер нагласи дека се уште не може да каже дека преговорите ќе доведат до формирање влада.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата