Австриската полиција ги спречи плановите за бомбашки напади на исламисти на концет на Свифт

7.08.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Австриската полиција ги спречи плановите за бомбашки напади на исламисти  на концет на Свифт

Полицијата во Австрија приведе 19-годишник кој имал планови за исламистички терористички акт во областа на Виена, а особено во врска со концертите на американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт закажани за крајот на оваа недела, пренесоа француските медиуми.

-Уапсениот е австриски државјанин. Тој се заложи за верност на терористичката организација „Исламска држава“, изјави на прес-конференција генералниот директор на Агенцијата за јавна безбедност, Франц Руф.

Руф додаде дека станува збор за планирање напад фокусиран на концертите на Свифт во Виена. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата