Австријка нападната од ајкула за време на екскурзија на Бахамите

16.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Австријка нападната од ајкула за време на екскурзија на Бахамите

Инцидентот се случил на околу 5,5 километри од брегот на островот Бимини, потврди бахамската полиција, пренесува „ABC News“.

Според официјалните извештаи, жената претрпела тешка повреда на десниот скочен зглоб. Нападот се случил завчера, а веднаш потоа – околу 17:30 часот – таа била пренесена во Клиниката во Бимини.

Поради сериозноста на повредите, 37-годишната жена набрзо била префрлена со хеликоптер во Њу Провиденс, главниот и најнаселен остров на Бахамите, на понатамошно лекување.

Бахамската полиција започна истрага за да ги утврди сите околности на нападот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата