Австралија уништи рекордна количина на кокаин пронајден во урнат авион

4.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Австралија уништи рекордна количина на кокаин пронајден во урнат авион

 Австралиската полиција денеска соопшти дека уништила околу 500 килограми кокаин запленети во 2020 година, откако се урнал авион за кој се верува дека ја превезувал дрогата од Папуа Нова Гвинеја, јави ДПА.

Дрогата била запалена на 28 ноември во безбеден објект во Квинсленд под надзор на полицијата од ПНГ и Австралија, се вели во соопштението на австралиската федерална полиција.

Во јули 2020. мал авион за кој се верува дека бил натоварен со дрога се обидувал да стигне до Квинсленд од изолирана воздушна патека северно од главниот град на Папуа Нова Гвинеја, Порт Морсби. Полицијата верува дека тежината на дрогата довела до несреќа при полетување.

Пет дена подоцна, властите на Папуа Нова Гвинеја открија кокаин во вредност од околу половина милијарда американски долари, за кој се вели дека бил во авионот. Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на Папуа Нова Гвинеја.

Пет австралиски државјани и четворица државјани на Папуа Нова Гвионеја беа обвинети за пратката на дрогата. Во септември тие беа осудени на затвор од 18 до 19 години од суд во Порт Морсби, кој исто така нареди да се уништи дрогата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата