Австралија потврди: Се формираше Ел Нињо

19.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Австралија потврди: Се формираше Ел Нињо

Карл Браганза, директор на Агенцијата за следење на климата на австралиското биро за метеорологија, рече дека климатскиот образец налик на Ел Нињо се формирал над Тихиот Океан и се совпаѓа со необичен пролетен топлотен бран што моментално ја пече југоисточна Австралија.

Поради топлотниот бран кој го зафати тој дел од земјата, властите прогласија забрана за пожари на отворено во областа Сиднеј. Се очекува топлотниот бран да влијае на производството на пченица во Австралија, која е еден од водечките светски извозници на жито.

„Во некои делови од земјата веќе гледаме екстремни временски услови, особено за време на топлотниот бран. На почетокот на пролетта имавме долг период на топло и суво време“, изјави Браганза за новинарите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата