Авион за Тел Авив непланирано слетал на Кипар- пилотите не сакале да возат понатаму

1.08.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Авион за Тел Авив непланирано слетал на Кипар- пилотите не сакале да возат понатаму

Според тој весник, екипажот ги известил патниците дека авионот ќе слета на Кипар од технички причини, а потоа ќе се одлучи дали летот за Тел Авив ќе продолжи.

Сепак, по слетувањето било најавено дека авионот ќе се врати во Германија. Наводно, на патниците им било кажано дека можат да се симнат во Ларнака доколку сакаат, но дека нивниот багаж ќе остане во авионот и ќе биде вратен во Германија.

Луфтханза соопшти дека авионот слетал на Кипар „како мерка на претпазливост поради безбедносни активности“, без да наведе дополнителни детали.

Да потсетиме, постои страв од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, по убиствата на високи функционери на Хамас и Хезболах во Бејрут и Техеран.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата