Авион на американската морнарица прелета над Тајванскиот теснец

17.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Авион на американската морнарица прелета над Тајванскиот теснец

Американската морнарица соопшти дека нејзиниот патролен и извидувачки авион денеска прелета низ Тајванскиот теснец, само еден ден откако шефовите на одбраната на САД и Кина ги одржаа своите први разговори од ноември 2022 година со цел намалување на регионалните тензии.

Во соопштението на седмата флота на САД се наведува дека нејзиниот патролен и извидувачки авион „поминал низ Тајванскиот теснец во меѓународниот воздушен простор“ и дека „со дејствување во рамките на Тајванскиот теснец во согласност со меѓународното право, САД ги поддржуваат правата и слободите на пловидбата на сите земји од регионот“.

Иако теснецот широк 160 километри што ја дели Кина од Тајван спаѓа во меѓународните води, Кина смета дека минувањето на кој било странски воен авион и бродови преку него претставува отворено кршење на нејзиниот суверенитет.

Кина не одговори на денешното прелетување, иако претходно упати силни протести против слично минување на бродови и авиони низ теснецот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата