Авганистанските власти ослободија 2.463 затвореници

30.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Авганистанските власти ослободија 2.463 затвореници

Затворениците беа ослободени врз основа на декрет на врховниот лидер на привремената влада, Мавлави Хибатула Ахунџада, а затворениците, кои имаа релативно полесни казни, беа ослободени од затворите во 34 авганистански провинции, се вели во извештајот.

Врховниот суд на Авганистан на платформата Икс објави дека „2.463 затвореници кои ги исполнувале условите за амнестија се ослободени, додека 3.152 други добиле намалување на казната“ врз основа на декрет на врховниот лидер на Талибанците. Ослободувањето на затворениците осудени за помали кривични дела е вообичаена практика во пресрет на Рамазан Бајрам

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата