Арагчи: Хамнеи е сè уште жив „колку што јас знам“

28.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арагчи: Хамнеи е сè уште жив „колку што јас знам“

Арагчи даде интервју за Ен-Би-Си Њуз, откако израелскиот Канал 12 објави дека Израел проценува дека Хамнеи е „веројатно убиен“ во денешните израелски воздушни напади.

Зборувајќи во живо, Арагчи исто така рече дека двајца команданти загинале во нападите, но оти високи функционери преживеале.

- Сите високорангирани функционери се живи. Така што сите сега се на своите позиции и ние се справуваме со оваа ситуација, и сè е во ред, рече тој, пренесува Тајмс оф Израел.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата