Американскиот специјален пратеник Виткоф ќе го посети Израел и ќе се сретне со Нетанјаху, соопштија израелски претставници

2.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американскиот специјален пратеник Виткоф ќе го посети Израел и ќе се сретне со Нетанјаху, соопштија израелски претставници

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, се очекува да го посети Израел и да се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху и со началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјавија денеска двајца високи израелски претставници.

Тие додадоа дека посетата на Виткоф на земјата се очекува да почне утре. Таа доаѓа во услови на зголемени регионални тензии со Иран и притисок од администрацијата на Трамп за унапредување на мировниот план за Газа.

Иран размислува за продолжување на разговорите со Соединетите Американски Држави откоаг двете страни изразија подготвеност да го оживеат дипломатскиот процес на разговори за нуклеарната програма на Исламската Република и да ги смират стравувањата од нова регионална војна.

Трет израелски претставник рече дека средбите на Виткоф ќе бидат подготвителни за евентуално обновување на преговорите и ќе следуваат по состанокот за време на викендот меѓу началникот Замир и претседателот на Советот на генералштабовите на американските вооружени сили, генерал Ден Кејн, во Вашингтон.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата