Американските бродови „УСС Стокдејл“ (USS Stockdale), „УСЦГЦ Стоун“ (USCGC Stone) и „УСЦГЦ Дилиџенс“ впловија во заливот Порт-о-Пренс за да „ја одразат непоколебливата посветеност на САД на безбедноста, стабилноста и посветлата иднина на Хаити, објави Амбасадата на САД на Хаити на платформата Икс.
Американската флотила е испратена на Хаити по наредба на министерот за одбрана Пит Хегсет, како дел од „Операцијата Јужно копје“ насочена против наводните шверцери со наркотици на Карибите и источниот дел од Пацификот.
Хаити со години е во криза, а од 2016 година нема одржано избори. Поради насилствата помеѓу бандите поранешниот премиер на Хаити, Ариел Анри да поднесе оставка во 2024 година, што ја втурна земјата во безбедносна, економска и здравствена криза. Мандатот на Преодниот претседателски совет завршува на 7 февруари.
Хаити е најсиромашната земја на западната хемисфера, а големи делови од територијата се под контрола на сопернички вооружени банди кои вршат убиства, силувања и киднапирања.

