Американски суд наложи исплата на средства за Радио Слободна Европа

31.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американски суд наложи исплата на средства за Радио Слободна Европа

Ламберт го отфрли аргументот на УСАГМ дека Агенцијата не е обврзна да ги исплати средствата бидејќи други донатори наводно планираат финансиски да го поддржат РСЕ.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 14 март потпиша декрет со кој беа стопирани грантовите за продемократските медиуми, обвинувајќи ги дека промовираат либерално пристрасна агенда, меѓу кои и РСЕ и Гласот на Америка.

РСЕ продолжи да емитува програма, но ги намали расходите, а стотина вработени испрати на принуден одмор, а на хонорарните соработници им ги откажа договорите.

РСЕ е приватна, независна меѓународна новинска организација, чие програми на повеќе платформи неделно имаат 50-милионска публика во 23 држави, меѓу кои Русија, Украина, Иран, Авганистан и Пакистан. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата