Амбасадорите на земјите-членки на Советот за соработка во Заливот му ја изразија својата загриженост на директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси за безбедноста на нуклеарните постројки лоцирани во близина на нивните земји, во време кога трае конфликтот меѓу Израел и Иран, објави денеска катарска новинска агенција.
Амбасадорите го предупредија Гроси за време на состанокот во Виена за „опасните последици“ од таргетирање на нуклеарните постројки.
Предупредувањето од членовите на Советот за соработка во Заливот дојде откако израелската војска прво завчера објави дека го нападнала иранскиот нуклеарен построј Бушер, а подоцна го повлече извештајот, велејќи дека тоа е грешка.
Бушер е единствената нуклеарна централа на Иран што работи на брегот на Персискиот Залив, а потенцијалните последици од нападот врз објектот предизвикаа загриженост кај земјите од Заливот.
Советот за соработка во Заливот е политички и економски сојуз на шест земји од Блискиот Исток кои се наоѓаат на брегот со Персискиот Залив - Бахреин, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, а основан е во 1981 година.