Ако резервоарот не е наполнет најмалку 75 отсто, не можете да ја напуштите државата: Еве која земја врши вакви ригорозни контроли

8.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ако резервоарот не е наполнет најмалку 75 отсто, не можете да ја напуштите државата: Еве која земја врши вакви ригорозни контроли

Одењето преку граница за поевтино гориво е позната пракса меѓу многу возачи ширум Европа. Меѓутоа, една далекуисточна држава најде оригинален начин да ѝ доскочи на таа навика.

Во Сингапур не е дозволено да се напушти земјата доколку резервоарот не е наполнет најмалку 75%, пренесува B92.

Можеби ќе ве интересира: Стигнува нова, подобра врста гориво - еве кои модели можат да го користат

Сингапур со години е едно од најскапите места во светот за поседување автомобил. За да добиете право да купите возило, најпрво мора да платите таканаречен COE – сертификат за сопственост, кој чини околу 70.000 евра.

Потоа следува ARF, посебна такса на купување возило, чиј износ зависи од вредноста на автомобилот и може да достигне и до 320% од цената на возилото.

Кога ќе се додадат високите даноци и дополнителни давачки, цените на просечните автомобили достигнуваат астрономски висини.

И покрај сето тоа, горивото во Сингапур и понатаму има релативно „нормална“ цена – литар бензин чини околу 1,90 евра, што е слично на цените во некои европски земји.

Проблемот настанува во споредба со соседна Малезија, каде литар бензин чини само 40 центи.

Можеби ќе ве интересира: Ценовен хаос на пумпите во Германија: Гориво со променлива цена – по 50 пати дневно!

Границата меѓу двете земји е лесно достапна за сите жители на Сингапур, а најоддалечената точка на државата е оддалечена само педесетина километри од Малезија. За многумина тоа беше совршен начин да наполнат резервоар за ситни пари.

Но, Сингапурците не би биле тоа што се доколку не воведеа правило што сè менува. Така нареченото „Правило на три четвртини од резервоарот“ налага дека ниту едно возило регистрирано во Сингапур не смее да ја напушти земјата со резервоар наполнет помалку од 75%.

Правилото важи за автомобили на бензин, дизел и компримиран гас, и наводно строго се спроведува на граничните премини.

Оние што ќе го прекршат, ризикуваат казна до 500 сингапурски долари (околу 330 евра), а покрај паричната казна, возачите мора да се вратат и да наполнат гориво.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата