Ајкула нападна и уби тинејџерка во Австралија

4.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ајкула нападна и уби тинејџерка во Австралија

За време на денешниот ден, ајкула нападна, а потоа уби девојче.

Медицинските екипи итно го префрлиле девојчето во болница во Квинсленд, откако се здобило со сериозни повреди на горниот дел од телото, но таа им подлегнала на повредите, изјави претставник на локалната полиција, пренесува „CBS News“.

Ајкулата ја нападнала девојката додека таа пливала во близина на популарното место за сурфање, на околу 30 милји северно од градот Бризбејн.

Ова е трет фатален напад на ајкула во Австралија за помалку од пет недели.

Јужна Австралија забележа зголемување на нападите на ајкули во последните две години, при што во 2023 година се забележани пет такви случаи, од кои три беа фатални.

Извор: Б92

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата