Палестинската Црвена полумесечина го потврди преминувањето на својата официјална страница на Фејсбук, додавајќи дека нивните екипи „сега добиле камиони со помош преку преминот Рафа од нашите партнери во египетската Црвена полумесечина“, објави Си-Ен-Ен.
Испораките доаѓаат и покрај прекинот на примирјето меѓу Израел и Хамас во кое беа ослободени и заложниците.
Повеќе помош влезе во Газа за време на паузата во борбите, но ОН соопштија дека нивото е „целосно несоодветно“, со повеќе од два милиони луѓе кои живеат на отворено.

