Неговата мајка вели дека тоа ќе биде „смртна казна“ за него.
На Брендан Деп (18) му се заканува децениска затворска казна бидејќи ја нападнал учителката Џоан Најдич, која ја соборил на подот пред да ја удри со клоци и тупаници во грбот и лицето повеќе од 10 пати.
Неговата мајка Лин Деп во средата ја молела учителката да побара полесна казна за нејзиниот син.
„Жал ми е за тоа што го направи мојот син и никој не треба да го преживее тоа. Но, во исто време имајте на ум дека мојот син имаше тежок живот, тој помина низ многу трауми во животот. Тој има аутизам, ве молам покажете милост“, се моли неговата мајка.
Брендан Деп минатиот месец се изјасни за виновен за претепувањето на Најдич поради видео игра кога имал само 17 години, оставајќи ја со пет скршени ребра, губење на слухот и, како што тврди, трајни когнитивни проблеми.
Вознемирувачкиот инцидент - и залудните обиди на наставниците да го запрат нападот - е снимен на камера во училиштето.
Најдич рече дека никогаш не се обидела да му ја одземе играта, но дека тој ја нападнал откако друг вработен му забранил да си игра со неа.
Мајка обвинила низа ментални попречености и историја на детска траума за однесувањето на нејзиниот син - и се запрашала зошто дури и му било дозволено да влезе во јавното училиште во Флорида.
На тинејџерот му е одредена кауција од 1 милион долари. Сослушувањето за неговата пресуда ќе започне во јануари.