13 земјотреси во рок од 25 минути ја потресоа Калифорнија

12.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
13 земјотреси во рок од 25 минути ја потресоа Калифорнија

Првиот земјотрес е регистриран ноќеска по полноќ по локално време, погодувајќи го регионот северозападно од Ел Центро, град во јужниот пограничен регион.

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала и наводно потресол поголем дел од округот Сан Диего.

Веднаш по првиот земјотрес имало и втор со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, по што следеа серија помали земјотреси.

Сведоците опишаа на веб-страницата на ЕМСЦ дека земјотресот ги разбудил од сон.

„Спиев, ме разбуди“, „Се тресеа собата и прозорите“, „Траеше околу 10 секунди“, се само дел од коментарите на граѓаните.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата