12- годишно девојче почина во Версај од топлотен удар- семејната посета на Париз заврши трагично

2.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
12- годишно девојче почина во Версај од топлотен удар- семејната посета на Париз заврши трагично

Според неа, официјално е потврдено дека двата смртни случаи се поврзани со топлината.

„Две лица починаа откако се разболеа“, рече таа, додавајќи дека 300 лица биле спасени од пожарникари, според „Паризиен“.

Посетата на Версајскиот дворец заврши драматично за едно американско семејство од Вирџинија, објавува истиот весник.

Вчера, околу 18:15 часот, нивната 12-годишна ќерка се сруши во дворот на кралскиот имот.

Девојчето, кое имало здравствени проблеми и било на терапија, доживеало срцев удар.

Екипата на брзата помош веднаш пристигнала на местото на настанот и се обидела да ја реанимира, но без успех.

Во 19:15 часот, девојчето било прогласено за мртво.

Според првичните информации собрани на местото на настанот, високите температури регистрирани вчера попладне можеби биле фактор што ја влошил болеста од која настрадало детето, но тие не биле причина за смртта.

Се очекува да се започне истрага за да се утврдат точните причини за смртта.

Претседателката на парискиот регион, Валери Пекрес, изјави за Франс 2 дека регионот примил 500 лица во критична состојба, кои сега се сместени во климатски соодветни услови.

„Во оваа ситуација на екстремна топлина, ако луѓето не се засолнат, би можеле да претрпат фатални последици“, предупреди таа, според BFM TV.

Четири оддели во Франција остануваат во црвена тревога за екстремна топлина, што значи дека е на сила „апсолутна будност“, соопшти утрово француската метеоролошка служба Метео-Франс.

Дваесет оддели се соочуваат со висок ризик од шумски пожари, соопшти Метео-Франс.

Се очекува ризикот да биде помал утре.

Околу 8.000 корисници на Енедис (француската мрежа за дистрибуција на електрична енергија) останаа без електрична енергија во 8:00 часот утрово поради екстремна топлина што ја оштети подземната инфраструктура.

Поради исклучителен топлотен бран низ целата земја, Енедис бележи инциденти на подземната електрична мрежа, особено во јужните региони на земјата, соопшти службата.

Температурните рекорди за јули беа срушени или изедначени на многу места, особено на југот од земјата, каде што вчера беше на сила портокалово временско предупредување за речиси целата територија, според француската новинска агенција BFM.

Поради екстремно високите температури, Министерството за образование вчера објави дека се затворени 2.213 училишта низ целата земја.

Метео-Франс соопшти дека локално се очекуваат температури до 39 степени Целзиусови.

Врвот на Ајфеловата кула вчера беше затворен за посетители поради екстремно високите температури.

Се очекува температурите да достигнат 36 степени Целзиусови во Париз оваа недела, а 40 степени во делови од јужна Франција.

Француската влада вчера издаде временско предупредување за екстремна топлина за 84 оддели.

Топлинскиот бран влијаеше и на работното време на други европски знаменитости, при што атракцијата во Брисел, Атомиумот, го скрати своето работно време поради оваа причина.

Покрај Франција, Италија, Шпанија, Португалија, Грција, Германија и Турција веќе неколку дена се борат со топлотниот бран.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата